23/04/2013

На 27 април 2013 година, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство организира Отворен ден, на коj идните студенти ќе имаат уште една можност директно да се запознаат со можностите за студирање на Факултетот. Отворениот ден ќе се одржи во просториите на ФИНКИ - на техничко-технолошкиот кампус, во Карпош 2.
Ги повикуваме сите матуранти да дојдат и заедно со своите постари колеги од ФИНКИ од прва рака да се запознаат со Факултетот, со начинот, условите и можностите за студирање, со студиските програми, со лабораториите, просториите за предавање, итн.
Присутните ќе имаат можност да видат како е да се биде дел од нашата академска средина, да дознаат за предностите на Европскиот кредит трансфер систем, да бидат запознаени и со сé она што кадарот на Факултетот и неговите студенти, со бенефициите од нашата диплома која претставува синоним за успех и која ќе овозможува успешна кариера, како и системот преку кој е многу лесно да се учествува во пракса во земјава и странство.
Програма:
- 10:00 - 12:00 - Разгледување на лабораториите и просториите на Факултетот, штандовите од ИКТ компании и студентските организации
- 12:00 - 12:30 - Пленарно обраќање на Деканот на ФИНКИ, проф. д-р Димитар Трајанов
- 12:30 - 13:00 - Презентација за искуството од студирање на ФИНКИ од страна на дел од студентите на Факултетот
- 13:00 - 15:00 - Разгледување на лабораториите и просториите на Факултетот, штандовите од ИКТ компании и студентските организации
Ве очекуваме!
