На 28 април 2012 година, во периодот од 10:00 - 15:00 часот, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство организира Отворен ден, на кои идните студенти ќе имаат можност директно да се запознаат со можностите за студирање на Факултетот. Отворениот ден ќе се одржи во просториите на ФИНКИ - на техничко-технолошкиот кампус и зградата на Технолошки факултет, во Карпош 2 во Скопје.
 
Ги повикуваме сите матуранти да дојдат и заедно со своите постари колеги од ФИНКИ од прва рака да се запознаат со Факултетот, со начинот, условите и можностите за студирање, со студиските програми, со лабораториите, просториите за предавање, своите идни професори и асистенти, итн.
 
Присутните ќе имаат можност да видат како е да се биде дел од нашата академска средина, да дознаат за предностите на Европскиот кредит трансфер систем, да бидат запознаени и со сé она што кадарот на Факултетот и неговите студенти го постигнале во својата тридецениска традиција, со бенефициите од нашата диплома која ќе претставува синоним за успех и која ќе овозможува успешна кариера, како и системот преку кој е многу лесно да се учествува во пракса во земјава и странство.
 
Програма:
  • 10:00 - 11:00 - Разгледување на лабораториите и просториите на Факултетот, штандовите од ИКТ компании и студентските организации 
  • 11:00 - 11:30 - Пленарно обраќање на Деканот на ФИНКИ, проф. д-р Димитар Трајанов
  • 11:30 - 12:00 - Презентација за искуството од студирање на ФИНКИ од страна на дел од студентите на Факултетот
  • 12:00 - 15:00 - Разгледување на лабораториите и просториите на Факултетот, штандовите од ИКТ компании и студентските организации 
 
Во меѓувреме, останете во тек со случувањата и поврзете се со нас преку Facebook и Twitter.
 
Ве очекуваме!