26/08/2011

Во рамките на своите активности за директна комуникација со сегашните студенти, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство организира live chat сесија во понеделник, 29.08.2011 година, во периодот од 12:00 - 13:00 часот, на официјалната веб страна на Факултетот.
Live chat-от е наменет за тековните студенти од ИКИ и ИНФО на ФЕИТ, односно студентите на ИИ од ПМФ, за да се даде одговор на нивните прашања поврзани со изјаснувањето за продолжување на студиите на ФИНКИ, ФЕИТ или ПМФ.