Во понеделник, 21.11.2011 година, проф. д-р Сашо Џероски од Институтот Јозеф Стефан од Љубљана, Словенија, ќе одржи предавање на тема „Машинско учење и системска биологија“. Предавањето ќе се одржи во амфитеатарот на ТМФ, во термин од 15:00 - 17:00 часот.
 
За темата
 
Во системската биологија, има наплив на информации произведени преку различни '-omics' приоди. Genomics, transcriptomics, proteomics и metabolomics, се посветени на испитувањето на целосниот систем на гени, транскрипти, протеини и метаболити присутни во дадена клетка или ткиво. Искористување на ова богатство на информации стана неопходно за практичарите на системската биологија. Машинското учење природно се јавува како еден од главните двигатели на напредокот во оваа област, каде што од најголем интерес се техники кои се занимаваат со комплексни структурирани објекти: секвенци, 2D и 3D структури, или интеракциски мрежи.
 
Предавањето ќе даде кус вовед во пристапите од машинското учење, кои се најрелевантни за апликации во системската биологија. Тие вклучуваат методи за анализа на структурирани податоци, особено предикција на структурирани излези, како и методи за учење на целосна динамиката на биолошки мрежи, вклучувајќи ја и мрежната структура и кинетиката на соодветните реакции.
 
Ќе бидат презентирани примери на апликации, како предвидување на функцијата на гените, предвидување на реакцијата на гените на стрес и анализа на слики од скрининг на гени, како и реконструкција на динамиката на ендоцитозата.
 
За предавачот
 

Сашо Џероски е научен советник на Институтот Јозеф Штефан и Центарот за извонредност за интегриран пристап во хемијата и биологијата на протеини, во Љубљана, Словенија. Тој, исто така, е и редовен професор на Меѓународните постдипломски студии на институтот Јозеф Стефан.

Неговото истражување е главно во областа на машинското учење и податочното рударење и нивните апликации (главно во животната средина и природните науки). Учествувал во многу меѓународни истражувачки проекти (главно финансирана од ЕУ), а координирал два од нив. Има организирано голем број научни настани, вклучувајќи ги и Меѓународната конференција за Машинско учење и две работилници за Машинско учење во системска и биологија, и во моментов е во уредувачкиот одбор на шест списанија. Тој е ко-автор/ко-едитор на повеќе од десет книги, од кои последните две се “Computational Discovery of Scientific Knowledge” (2007) и “Inductive Databases and Constraint-Based Data Mining” (2010).