24/04/2012

Во четврток, 26.04.2012 година, Спировски Божидар, раководител на Службата за одржување и управување со ИТ инфраструктура во НЛБ Тутунска банка, ќе одржи предавање на ФИНКИ на тема „Имплементација на решенија во големи организации“. Предавањето ќе се одржи во амфитеатарот на ТМФ, со почеток во 14:00 часот.
За темата
Во голема организација ретко што останува мало и едноставно. Затоа потребно е да се пристапи кон решението на начин кој ќе одговори на сите прашања кои различни области ќе ги имаат во врска со решението.
Скоро на се мора да се обезбедат перформанси, безбедност, квалитет на услуга и т.н.
Сесијата ќе вклучува искуства од поставување на мали и големи системи и практични прашања кои треба да се разгледаат при дизајнот и имплементацијата на системите.
За предавачот
Спировски Божидар е раководител на Службата за Одржување и Управување со ИТ Инфраструктура во НЛБ Тутунска банка. Дипломиран на ЕТФ, Божидар Спировски работи во повеќе информатички и телекомуниациски области од 1999, а дополнително работи и на областа на информативна сигурност од 2003. Професионалните ангажмани го имаат вклучено во работењето во телекомуникациската и финансиската индустрија во Македонија на оперативно и тактичко ниво во областа на ИТ операции и информативна сигурност. Во текот на својата работа се има стекнато и со меѓународно признати сертификати од областа на управување со ИТ и информативна сигурност - ITIL v3 и CISSP.
Божидар Спировски е редовен предавач на регионални конференции во областите на информативна сигурност и управување со информатички технологии. Исто така, објавува текстови на темите на информативна сигурност и управување со ИТ во публикации како CTO Forum и редовно дискутира за ИТ и сигурносни теми на својот блог.