РЕ-АКТИВ ДОО е софтверска компанија чиј главен фокус е развој на бизнис регистри. Во моментов ги повикува студентите на ФИНКИ кои се при крајот од своите студии и оние кои тукушто завршиле да аплицираат на следната отворена работна позиција:

 Специјалист за техничка поддршка

 

ОДГОВОРНОСТИ

- Одговарање на кориснички прашања и решавање на нивните барања

- Документирање и анализа на кориснички проблеми

- Редовно информирање и комуникација со корисниците за нивните барања

- Следење на процедури и процеси

- Пишување на техничка документација

 

 

КВАЛИФИКАЦИИ

- Аналитички способности и внимавање на детали

- Брзо учење на нови софтверски решенија и системи

- Мотивирана личност со одлични комуникациски и меѓучовечки вештини

- Подготвеност за работа под притисок и рокови

- Подготвеност за работа во тим

- Одлично познавање на англиски јазик

- Основно познавање на програмирање и SQL

- Познавање на српски јазик се смета за предност

- Претходно работно искуство на слична позиција се смета за предност

 

Вашата биографија заедно со мотивациско писмо испратете ги на career@reaktiv.com.mk