Во понеделник, 15.08.2011, во рамките на своите активности за првиот уписен рок, ФИНКИ организира Информациски шалтер во холот на Технолошко-металуршкиот факултет. Во термин од 11:00 - 14:00 часот, кадарот на ФИНКИ ќе бидат достапни да им дадат одговори на матурантите заинтересирани за уписите на додипломски студии на ФИНКИ кои се во тек.
 
Во рамките на настанот, на заинтересираните кандидати кои се’ уште немаат пополнето online пријава за упис на ФИНКИ, ќе им биде овозможено подетално објаснување на функционалностите на системот за online уписи на ФИНКИ и ќе им биде дадена помош при самото пополнување.