14/01/2013

На 25 јануари 2013 во Клубот на новинари од 18.00 - 21.00 часот ќе биде одржан првиот Google Developers Group настан во Скопје. На настанот ќе присуствуваат експерти, почетници и ентузијасти кои ќе дискутираат и соработуваат на голем број теми поврзани со Google технологијата.
Говорници на настанот ќе бидат:
- Тал Футеран, StartApp inc. (САД)- како да ги монетиризате вашите Андроид апликации
- Дан Ромеску, Augmented Citizen (Германија)- Проширена реалност и интелигентни системи
- Мартин Анчевски и Нино Карас, CodeWell (Македонија)- Како да направите едноставна апликација „Hello World“
- Игор Трајковски, Time.mk (Македонија)- Google како работна средина
Се очекуваат и други говорници кои ќе бидат дополнително најавени.
Настанот е од отворен карактер, а сите заинтересирани треба да го пријават своето присуство на gdg.skopje@gmail.com најдоцна до 22 јануари 2013.