Како една од поголемите фондации и организации во светот, Mozilla се формираше и до денес работи и функционира следејќи ја својата мисија. Мисијата на Mozilla е тесно поврзана со тоа, интернетот да се одржи жив и динамичен како и достапен за секој човек на нашата планета. Mozilla исто така промовира слободен софтвер кој ќе биде достапен за сите вклучувајќи ги и корисниците како и развивачите на софтвер кои можат да работат на унапредување и надградба на истиот.

Mozilla како фондација цврсто верува во тоа дека луѓето треба да бидат во постојана соработка врз основа на отворена платформа, заедно грижејќи се за сфојата колективна иднина. Почитувајќи ги овие вредности Mozilla фондацијата силно подржува формирање на студентски клубови за студентите по компјутерско инженерство и информатика ширум целиот свет.

Токму поради ова на 01.02.2014 се формираше првиот ваков клуб во нашата земја под името Firefox Student Club at FINKI (Фајрфокс Студент клуб на ФИНКИ), формиран од студенти на овој факултет.

Основна дејност на овој клуб ќе биде промовирање на овие вредности како и едукација и запознавање на студентите со слободниот софтвер , бесплатниот и достапен интернет како и новите стандарди кои произлегуваат од активноста на ваквите клубови и асоцијации во целиот свет. Токму поради ова Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство како главен промотор на технолошкиот тазвој во нашата земја го подржува формирањето на овој клуб како и сите негови активности . Исто така ФИНКИ ги охрабрува и подржува своите студенти како и основачи на овој клуб да продолжат со работа и активности во оваа област како би придонеле за научниот и општествен развој.

Информации за клубот, како и за нивните актвиности и настани можете да добиете на првиот информативен состанок на Firefox student club кој ќе се одржи на 30 април, среда, во просторија 117 со почеток во 20 часот.

Повеќе информации за настанот или клубот можете да добиете на страната на Facebook за настанот.