10/08/2011

Во четврток, 11.08.2011 година, на студентското радио при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Студент ФМ, ќе гостува Деканот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, вон. проф. д-р Димитар Трајанов. Интервјуто со проф. Трајанов ќе започне во 14:00 часот, а ќе можете да го проследите на фреквенцијата 92.9 MHz, или преку online stream-от на радиото.