Здружението на информатичарите на Македонија годинава е организатор на VI Јуниорска балканска олимпијада по информатика, која е врвен натпревар во програмирање и алгоритамско размислување за ученици на возраст од 12 до 16 години.

Настанот се одржува во Охрид, во периодот 9ти до 15ти Август 2012 година, а на истиот покрај Македонија ќе земат учество и екипи од дел од земјите од балканската иницијатива (Бугарија, Романија, Србија, Грција, Босна и Херцеговина) и други поканети земји (Хрватска, Азербејџан). Веб страната на настанот е jboi.cs.org.mk.

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, како главен партнер – поддржувач на настанот ја обезбеди комплетната техничка поддршка, со што на натпреварувачите ќе им биде овозможено да се натпреваруваат на истите врвни машини кои се дел од наставните лаборатории на ФИНКИ.

Листата со натпреварувачите можете да ја најдете на следниов линк.

Им посакуваме успех на сите натпреварувачи, а особено на натпреварувачите од македонскиот тим.