Се информираат сите заинтересирани кандидати што ќе конкурираат за стипендиите ЕРАЗМУС МУНДУС + дека контролните испити за проверка на знаењето на странски јазик ќе се одржат на Филолошкиот факултет „Блаже Конески' - Скопје во следните термини:

    • англиски јазик на 14 и на 22 април 2014 г. од 11 часот
    • германски јазик на 15 и на 25 април од 11 часот
    • италијански јазик на 14 и на 22 април 2014 г. од 11 часот
    • француски јазик на 16 и на 23 април 2014 г. од 11 часот 

За другите странски јазици испитот ќе се реализира во договор со Деканатот и со соодветниот професор.

По полагање на контролниот испит, кандидатот добива уверение за познавање на странски јазик на соодветното рамниште во согласност со Европската јазична рамка.

За пријавување за испитот и за сите дополнителни информации, обратете се во Архивата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески' - Скопје.
Контакт-телефон: 02 32 40 436