ICT Innovations 2013 конференцијата ги промовира научните резултати на интернационалното информатичко општество поврзано со иновативни фундаментални и применети истражувања во информатичките и компјутерски технологии. На оваа конференција учество ќе земат академици, професионалци и експерти подготвени да ги споделат своите искуства во развој на решенија и системи кои се користат или ќе се користат во индустријата. Ова вклучува иновативни решенија, комерцијални имплементации и презентирање искуства во применување на научните истражувања во практични решенија.
 
Конференцијата ќе се одржи од 12 до 15 септември во Охрид. Повеќе детали за конференцијата можете да добиете на официјалната веб страна