Во периодот 11-13 април 2014 година ќе се одржи 11-та Конференција за информатика и информатички технологии - CIIT 2014, во организација на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Oрганизацијата на конференцијата е во соработка со IEEE Computer Chapter Macedonian Section.

Во рамки на Конференцијата ќе се одржи специјална студентска сесија на која ќе бидат презентирани најдобрите студентски трудови, проекти и демоа кои ќе бидат одбрани од комисијата за студентски проекти. Во соработка со IEEE Computer Chapter Macedonian Section ќе биде организиран натпревар и ќе бидат наградени најдобрите три студентски трудови - прва награда 100 USD, втора награда 60 USD и трета награда 40 USD.

 
Повеќе информации за конференцијата можете да добиете на официјалната веб страна.