Во период од 18 до 21 април 2013 година во хотел Молика во Битола ќе се одржи 10-тата  Конференција за информатика и информациски технологии. На оваа конференција ќе учествуваат голем број експерти од областа на компјутерските науки, како што се eWorld, безбедност и криптографија, Безжични и мобилни пресметувања, компјутерски мрежи, дистрибуирани, GRID и системи во облак и многу други области. Голем дел од учесниците ќе бидат експерти од ФИНКИ. Конференцијата е организирана од ФИНКИ и Здружението на информатичарите на Македонија. 
 
Подетални информации за конференцијата можете да добиете на веб страната на конференцијата