БЕСТ Скопје оваа година во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство организира летен академски курс на тема Он-лајн бизнис старт-ап.

 
Секое лето 22 студенти од различни европски универзитети доаѓаат во Скопје за да присуствуваат на 8 дневен курс на кој предавањата ги одржуваат реномирани професори од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје. Ова лето, оние студенти кои имаат желба да научат повеќе на оваа тема имаат шанса да се пријават за учество на курсот кој ќе започне на 4ти јули и ќе трае до 12ти јули. Покрај предавањата ќе имаат шанса и да посетат неколку македонски компании кои се лидери во оваа област.

Предавањата од курсот ќе ги вклучат следниве теми:
  • Започнување сопствен бизнис
  • Е-Комерција
  • Користење на мобилни и социјални технологии
  • Online маркетинг
  • Веб дизајн

По завршувањето на предавањата, учесниците ќе имаат испит на знаењето стекнато за време на курсот. Откако студентите ќе го положат испитот ќе се здобијат со диплома за успешно посетен курс, потпишана од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

Број на места за македонски студенти: 22

Краен рок за пријавување: 30.06.2012

 
Може да се пријавите за курсот на овој линк
 
Доколку сте избрани ќе бидете контактирани од БЕСТ Скопје на email адресата со која сте се пријавиле за сите детални информации за почетокот и одвивањето на курсот.
 
--- 
 
Листа на избраните студенти можете да видите на следниот линк