
Во вторник, 20.11.2012, со почеток во 11:00 часот, во новата SMART лабораторија за интерактивно учење и соработка на ФИНКИ, ќе биде промовирана мобилната апликација за намалување на ризици од катастрофи и кризи, изработена од ФИНКИ и УНДП, а во соработка со центарот за управување на кризи. Апликацијата е во насока на отворање на јавните владини податоци и нивно искористување за бенефитот на граѓаните.
Мобилната апликацијата за намалување на ризици од катастрофи и кризи ги искористува новите технологии со цел да ја донесе навремено важната информација до граѓаните.
Апликацијата е составена од два модули: серверски дел, каде одговорниот од ЦУК ќе може да ги внесува кризните настани, да генерира извештаи и слично и вториот дел е самата апликација за која што постојат три верзии (Андроид, iPhone и Windows) и сите се на 3 јазици (англиски, македонски и албански јазик). Некои од функционалностите што ги нуди апликацијата се: приказ на настаните на мапа и на листа, детали за секој настан поединечно, негов приказ на на мапа и негова објава на социјалните мрежи.
