Системи за препорачување, виртуелно насочување и виртуелна самопомош при совладување на знаењето

Системи за препорачување, виртуелно насочување и виртуелна самопомош при совладување на знаењето

1.

Наслов на наставниот предмет

Системи за препорачување, виртуелно насочување и виртуелна самопомош при совладување на знаењето

Recommender systems, virtual guidance and virtual self-help in mastering knowledge

2.

Код

m23_s_041

3.

Студиска програма

Пресметување во облак, Data science in computer science and engineering, Биоинформатика, Безбедност, криптографија и кодирање, Еко-информатика, Интелигентни системи, Интернет технологии и сајбер безбедност, Компјутерски науки, Статистика и аналитика на податоци, Софтвер за вградливи системи, Софтверско инженерство, Пресметување во облак, Биоинформатика, Безбедност, криптографија и кодирање, Статистика и аналитика на податоци, Софтверско инженерство, Управување во информатички технологии, Едукација со ИКТ, Управување во информатички технологии,

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Втор циклус

6.

Академска година / семестар

5 / Летен

7. Број на ЕКТС кредити

6.0

8.

Наставник

проф. д-р Вангел Ајановски

9.

Предуслови за запишување на предметот

10.

Цели на предметната програма (компетенции):


Целта на курсот е студентот да се запознае со напредни методи и технологии кои овозможуваат виртуелно насочување во совладувањето на знаењето, препорачување теми од интерес, препорачување патеки и системи за само-помош во насока на спречување на потенцијалните проблеми. Освен во образовната сфера, предметот е корисен и за студенти од комерцијалните сфери особено во насока на подобра организација на човечките ресурси базирана на проценка на совладувањето на знаењата. Компетенции кои се очекува да ги стекне студентот по завршувањето со предметот: - Разбирање на методи и техники за мапирање на знаењата - Разбирање на методи и техники за проценка на успехност и ризик во совладување на знаењата - Користење на технологии за анализа на податоци во насока на мапирање на знаењата, оценка на успешноста и ризикот - Користење на технологии за визуелизација на просторот на знаење - Имлементирање на интегрирани системи за мапирање, визуелизација, навигација, препорачување, насочување и само-помош со користење на готови технологии

11.

Содржина на предметната програма:


Теми обработени во рамките на овој предмет: - Вовед во автоматизирано откривање на интереси и виртуелно насочување. - Методи за мапирање на подрачјата, областите, темите и компетенциите во една сфера на интерес. - Методи за оценка на успешност во совладување на знаењата. - Методи за откривање интерес во совладувања на знаењата. - Визуелизација и навигација низ просторот на знаење. - Социјална навигација и колаборативно дефинирање интереси. - Методи за просторна самоориентација низ просторот на знаењето. - Методи за препорачување патеки на движење низ просторот на знаење. - Методи за препорачување интересни области и теми за учење персонализирани за корисникот. - Оценување на квалитет на мапирање на просторот на знаење. - Оценување на квалитет на препораки . - Водичи низ кариера. - Укажувачи на проблематични региони во просторот на знаење, проценка на импакт. - Имплементација на интегрирани системи за виртуелно водење низ совладувањето на знаењата, препорачување и само-помош.

12.

Методи на учење:


- Предавања и вежби со дискусии базирани на примери, анализа на различни достапни примери - Компјутерски потпомогнато учење - Електронско и учење на далечина - Групно истражување и развој - Користење на релевантни софтверски алатки - Изработка на проект и одбрана на проектот

13.

Вкупен расположив фонд на време

6.0 ЕКТС x 30 часа = 180 часа

14.

Распределба на расположивото време

30 + 30 + 15 + 90 + 15 = 180 часа

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

30 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

30 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

90 часови

16.2.

Самостојни задачи

15 часови

16.3.

Домашно учење

15 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

0 бодови

17.2.

Семинарска работа/ проект ( презентација: писмена и усна)

90 бодови

17.3.

Активности и учење

30 бодови

17.4.

Завршен испит

15 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

50% од активностите и првична верзија од проектот

20.

Јазик на кој се изведува наставата

македонски, англиски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

механизам на интерна евалуација и анкети

22.

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

6644

Ricci, Francesco, Rokach, Lior, Shapira, Bracha (Eds.)

Recommender Systems Handbook

Springer

2015

6645

Aggarwal, Charu C.

Recommender Systems The Textbook

Springer

2016

6646

Manouselis, N., Drachsler, H., Verbert, K., Santos, O.C. (Eds.)

Recommender Systems for Technology Enhanced Learning

Springer

2014

6647

R. Sottilare, A. Graesser, X. Hu, and A.M. Sinatra (Eds.).

Design Recommendations for Intelligent Tutoring Systems Vol. 1-7

US Army CCDC

2019

6648

Селекција на значајни и актуелни истражувачки трудови од областа –дадени во печатена или електронска форма користат во активностите

0

6649

Електронска документација од страниците на производителите на системите кои се користат во активностите

0

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година