Анализа на сајбер закани

Анализа на сајбер закани

1.

Наслов на наставниот предмет

Анализа на сајбер закани

Cyber threats analysis

2.

Код

IT-Z-01

3.

Студиска програма

Интернет технологии и сајбер безбедност, Пресметување во облак, Data science in computer science and engineering, Управување во информатички технологии, Биоинформатика, Безбедност, криптографија и кодирање, Едукација со ИКТ, Еко-информатика, Интелигентни системи, Компјутерски науки, Софтвер за вградливи системи, Софтверско инженерство, Пресметување во облак, Управување во информатички технологии, Биоинформатика, Безбедност, криптографија и кодирање, Софтверско инженерство, Статистика и аналитика на податоци, Статистика и аналитика на податоци,

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Втор циклус

6.

Академска година / семестар

5 / Зимски

7. Број на ЕКТС кредити

6.0

8.

Наставник

проф. д-р Анастас Мишев проф. д-р Соња Филипоска

9.

Предуслови за запишување на предметот

10.

Цели на предметната програма (компетенции):


Курсот ќе им овозможи на студентите да се запознаат со фундаменталните концепти и алатки на модерната анализа на сајбер закани. Студентите ќе се здобијат со знаења за животниот циклус на анализата на сајбер закани, идентификацијата, собирањето и интеграцијата на информации за закани и формати на запишување на информацијата.

11.

Содржина на предметната програма:


Разбирање на анализата на закани. Традиционален животен циклус и структурирани аналитички техники. SIEM. Дефинирање на закани, разбирање на поврзаните ризици. Методи за детекција на закани. Конзумација на информации за закани за различни цели. Градење на тим за анализа на сајбер закани, планирање, насочување, развој на барања и цели. Kill chain модел. Дијамант модел. Извори за собирање информации:: домени, надворешни податочни множества, TLS/SSL сертификати, open source intelligence. Зачувување и структурирање на податоците. Структурирани техники за анализа. Истражување на хипотези. Градење кампањи. Тактичка и оперативна дисеминација. Стандардни технологии за анализа на сајбер закани (пр., CIF сервери, TAXII сервери, SIEM и други). Откривање на виновникот.

12.

Методи на учење:


Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).

13.

Вкупен расположив фонд на време

6.0 ЕКТС x 30 часа = 180 часа

14.

Распределба на расположивото време

45 + 15 + 30 + 50 + 40 = 180 часа

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

45 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

15 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

50 часови

16.2.

Самостојни задачи

30 часови

16.3.

Домашно учење

40 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

45 бодови

17.2.

Семинарска работа/ проект ( презентација: писмена и усна)

50 бодови

17.3.

Активности и учење

10 бодови

17.4.

Завршен испит

0 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

реализирани активности

20.

Јазик на кој се изведува наставата

македонски и англиски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

Механизам на интерна евалуација и анкети

22.

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

6889

Kyle Wilhoit, Joseph Opacki

Operationalizing Threat Intelligence: A guide to developing and operationalizing cyber threat intelligence programs

Packt Publishing

2022

6890

Aaron Roberts

Cyber Threat Intelligence: The No-Nonsense Guide for CISOs and Security Managers

Apress

2021

6891

Valentina Costa-Gazcón

Practical Threat Intelligence and Data-Driven Threat Hunting: A hands-on guide to threat hunting with the ATT&CK™ Framework and open source tools

Packt Publishing

2021

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година