Континуирана интеграција и испорака

Континуирана интеграција и испорака

1.

Наслов на наставниот предмет

Континуирана интеграција и испорака

Continous integration and delivery

2.

Код

F23L3S118

3.

Студиска програма

Примена на информациски технологии, Софтверско инженерство и информациски системи, Компјутерски науки, Компјутерско инженерство, Интернет, мрежи и безбедност, Информатичка едукација, Software engineering and information systems, Примена на информациски технологии, Софтверско инженерство и информациски системи, Компјутерски науки, Компјутерско инженерство, Интернет, мрежи и безбедност, Software engineering and information systems, Стручни студии за програмирање, Стручни студии за програмирање, Пресметување во облак,

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв циклус

6.

Академска година / семестар

3 / Летен

7. Број на ЕКТС кредити

6.0

8.

Наставник

ворн. проф. д-р Милош Јовановиќ ворн. проф. д-р Панче Рибарски

9.

Предуслови за запишување на предметот

Оперативни системи

10.

Цели на предметната програма (компетенции):


Запознавање со основните концепти на развој и операции (DevOps) преку континуирана интеграција, тестирање, испорака и распоредување на софтверски решенија и системи. Осознавање на различните перспективи на развојниот (Dev) и оперативниот (Ops) дел од животниот циклус на еден систем. Оспособување на студентите за употреба на алатки за автоматизација на процесите за интеграција, тестирање, испорака и распоредување. Запознавање со предизвиците и најдобрите практики за менаџирање со софтверски изданија и конфигурации.

11.

Содржина на предметната програма:


- Вовед во DevOps. Запознавање со CAMS (Culture, Automation, Measurement, Sharing) принципите. - Развој и операции. Различните перспективи на развојот (Dev) и оперативните активности (Ops), потенцијални конфликти помеѓу нив и нивно разрешување. - Користење на континуирана интеграција во процесот на развој на софтвер. - Алатки за континуирано тестирање преку автоматизација на цевковод. - Имплементирање на континуирана испорака во софтверските процеси. - Континуиран менаџмент на технички долг. - Менаџирање на софтверски изданија. - Менаџирање со конфигурации. - Мониторирање на сите процеси во извршувањето на цевководот. - Користење и автоматизација на софтверски репозиториуми. - Користење на системи за оркестрација на сервиси за извршување на операциите во цевководот.

12.

Методи на учење:


Предавања со користење на презентации, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа.

13.

Вкупен расположив фонд на време

6.0 ЕКТС x 30 часа = 180 часа

14.

Распределба на расположивото време

30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

30 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

45 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

15 часови

16.2.

Самостојни задачи

15 часови

16.3.

Домашно учење

75 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

10 бодови

17.2.

Семинарска работа/ проект ( презентација: писмена и усна)

15 бодови

17.3.

Активности и учење

10 бодови

17.4.

Завршен испит

70 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Реализирани актибвности 15.2 и 16.1

20.

Јазик на кој се изведува наставата

македонски, англиски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

механизам на интерна евалуација и анкети

22.

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

4456

Gene Kim, Jez Humble, Patrick Debois, John Willis, John Allspaw

The DevOps Handbook: How to Create World-Class Agility, Reliability, & Security in Technology Organizations

IT Revolution Press

2021

4457

Nicole Forsgren, Jez Humble, Gene Kim

Accelerate: The Science of Lean Software and DevOps: Building and Scaling High Performing Technology Organizations

IT Revolution Press

2018

4458

Len Bass, Ingo Weber, Liming Zhu

DevOps: A Software Architect`s Perspective

Addison-Wesley

2015

4459

Jez Humble, David Farley

Continuous Delivery: Reliable Software Releases through Build, Test, and Deployment Automation

Addison-Wesley

2010

4460

Paul Duvall, Stephen Matyas, Andrew Glover

Continuous Integration: Improving Software Quality and Reducing Risk

Addison-Wesley

2007

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година