Веројатност и статистика

Веројатност и статистика

1.

Наслов на наставниот предмет

Веројатност и статистика

Probability and statistics

2.

Код

F23L2W006

3.

Студиска програма

Примена на информациски технологии, Софтверско инженерство и информациски системи, Интернет, мрежи и безбедност, Software engineering and information systems, Компјутерски науки, Компјутерско инженерство, Примена на информациски технологии, Софтверско инженерство и информациски системи, Интернет, мрежи и безбедност, Информатичка едукација, Software engineering and information systems, Компјутерски науки, Стручни студии за програмирање, Стручни студии за програмирање, Компјутерско инженерство, Статистика и аналитика на податоци,

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв циклус

6.

Академска година / семестар

2 / Зимски

7. Број на ЕКТС кредити

6.0

8.

Наставник

ворн. проф. д-р Александра Поповска Митровиќ ворн. проф. д-р Билјана Тојтовска Рибарски ворн. проф. д-р Наташа Илиевска проф. д-р Верица Бакева

9.

Предуслови за запишување на предметот

Калкулус 1 или Математика 1

10.

Цели на предметната програма (компетенции):


Да се воведат основните концепти од веројатност и статистичка анализа со дискусија на примените во компјутерските науки. Да се оспособат студентите за успешно следење на стручните предмети во кои се применуваат елементи од теорија на веројатност и статистика.

11.

Содржина на предметната програма:


Елементи од комбинаторика. Веројатност на случајни настани. Својства на веројатности. Дискретен простор на веројатност. Класична дефиниција. Условна веројатност. Баесово правило. Независност на случајни настани. Бернулиева шема. Дискретни и непрекинати распределби. Случајни вектори: маргинални и условни распределби. Функции од случајни променливи. Бројни карактеристики на случајни променливи: математичко очекување, дисперзија на случајна променлива, коефициент на корелација помеѓу две случајни променливи. Закон на големите броеви. Централна гранична терорема. Елементи од статистика: популација и примерок, параметри и статистики. Основна обработка на податоци и дескриптивни статистики. Математички модел на случаен примерок. Распределби на статистики на примерок: нормална, t-распределба, Хи квадрат и F-распределба. Оценување на параметри на обележјето: метод на моменти, метод на максимална подобност, интервали на доверба. Параметарски тестови. Непараметарски тестови. Линеарна регресија, оценување со метод на најмали квадрати.

12.

Методи на учење:


Предавања со користење на презентации, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа.

13.

Вкупен расположив фонд на време

6.0 ЕКТС x 30 часа = 180 часа

14.

Распределба на расположивото време

45 + 45 + 45 + 0 + 45 = 180 часа

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

45 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

45 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

0 часови

16.2.

Самостојни задачи

45 часови

16.3.

Домашно учење

45 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

0 бодови

17.2.

Семинарска работа/ проект ( презентација: писмена и усна)

0 бодови

17.3.

Активности и учење

0 бодови

17.4.

Завршен испит

100 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Реализирани актибвности 15.2 и 16.1

20.

Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и англиски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

механизам на интерна евалуација и анкети

22.

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

4246

Верица Бакева

Веројатност

УКИМ

2015

4247

D. C. Montgomery, G.C. Runger

Applied Statistics and Probability for Engineers

John Wiley & Sons, Inc.

2003

4248

Geza Schay

Introduction to probability with statistical applications

Birkh ̈auser

2007

4249

Michael Baron

Probability and statistics for computer scientists

Chapman & Hall/CRC

2007

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година