Компјутерски компоненти

Компјутерски компоненти

1.

Наслов на наставниот предмет

Компјутерски компоненти

Computer components

2.

Код

F23L1S116

3.

Студиска програма

Примена на информациски технологии, Софтверско инженерство и информациски системи, Компјутерски науки, Компјутерско инженерство, Интернет, мрежи и безбедност, Software engineering and information systems, Стручни студии за програмирање, Примена на информациски технологии, Софтверско инженерство и информациски системи, Компјутерски науки, Компјутерско инженерство, Интернет, мрежи и безбедност, Информатичка едукација, Software engineering and information systems, Стручни студии за програмирање,

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв циклус

6.

Академска година / семестар

1 / Летен

7. Број на ЕКТС кредити

6.0

8.

Наставник

проф. д-р Андреја Наумоски проф. д-р Коста Митрески

9.

Предуслови за запишување на предметот

10.

Цели на предметната програма (компетенции):


Познавање на структурата на компјутерските системи, хардверските компоненти, поврзувањето и начинот на работа, карактеристиките и стандардите што се употребуваат.

11.

Содржина на предметната програма:


Предавања: 1. Структура на компјутерски системи. Најнови технлогии на периферни уреди и конектори на десктоп и преносни компјутерски систем. 2. Tехнолошки дистигнувања во областа на процесорите во компјутерските системи. Анализа на различни типови на процесори. Споредба на различни типови на призводители на процесори. Најнови iCore i3, i5, i7, i9 процесори. 3. Споредба на најнови RAM технологии. Класификација и примена. Иднината на RAM. 4. Опис и анализа на функцијата на BIOS, CMOS, UEFI во компјутерски систем. Најнови UEFI технологии 5. Tехнолошки дистигнувања во областа на матичните во компјутерските системи. Анализа на различни типови на матични плочи. Споредба на различни типови на призводители на матилни плочи во зависност од процесорот. 6. Начин и функција на чиспетот на матичната плоча. Најнови технлошки достигнувања. Споредба на десктоп, мобилни и серверски компјутерски системи за чипсетите. Иднината на чиспетот во компјутерски систем. Напојување во компјутерскиот систем. Типови и технологии на напојување. 7. Колоквиумска недела 8. Најнови технoлогии на медиуми за масовно складирање на податоци. Типови и организација. Споредба на карактеристики на медиумите масовно складирање на податоци. Предносни медиуми за складирање на податоци. 9. Технологии и развој на видео/графички картички и монитори. Технолошки предизвици и најнови достигнувања во изградбата на монитори. Идна примена на фрафилките картички во различни домеини на компјутерскиот систем. 10. Жични и безжични мрежни технлогии. Најнови достигнувања и технологии. Принципи на работа во различни компјутерски системи. 11. Технологии на скенери и принтери. Најнови технолошки достигнувања и принцип на работа на скенери и принтери. 12. Технологии на сериски и паралелни компоненти и конектори. Развој и принцип на работа. Идни насоки за развој. 13. Технологии на мобилни и преносни компјутерски компонентни. Развој и принцип на работа. Идни насоки за развој. 14. Колоквиумска недела Вежби: 1. Инсталација, администрација и конфигурација на компјутерски систем. Индентификација на периферни уреди и конектори на типичен компјутерски систем. Типови на куќишта на компјутерски систем. 2. Идентификација на комјутерските компоненти во процесорот. Дијагностика и индентификација на можни решенија за поправка на процесорот. Опис на врската помеѓу процесорот, меморијата, магистралите и периферсните уреди. Варијатни на модерни процесори. Селекција и процес на инсталација на процесор во компјутерски систем. Инсталација, администрација и конфигурација на разлилни типови на најнови процесори и нивни технологии. 3. Индентификација на различни типови на работна (RAM) меморија. Начин на работа, селекција и инсталација на RAM меморија на компјутерски систем. Дијагностика и индентификација на можни решенија за поправка на RAM меморијата. 4. Функциии на BIOS. Различни типови на CMOS алатки. Дополнителен ROM надворешен уред и дијагностика. Дијагностика со помош на POST процедура во окпмјутерски систем. Одржување, дијагностика и индентификација на проблеми поврзани со BIOS. 5. Работа на матична плоча. Идентификација и начин на работа на приклучни перифиерни уреди. Проширувачки единици на матична плоча. Надградба и инсталација на матична плоча во компјутерски систем. Дијагностика и идентификација на можни решенија за поправка на матични плочи. 6. Идентификација и начин на работа на чипсетот на матичната плоча. Инсталација, конфигурација, администрирање и одржување на чиспетот на матилната плоча. Магистрали и чипсет. Дијагностика и идентификација на можни решенија за поправка на чипсетот. Основни принципи на еднонасочна и наизменична струја за работа на напојувањето на компјутерскиот систем. Детален опис на напојувањето на компјутерски систем. Инсталација и одржување на напојување. 7. Колоквиумска недела 8. Принцип на работа на медиуми за масовно складирање на податоци. Типови на медиуми за складирање на податоци врз основа на нивна примена, технологија на изградба и принцип на работа. Основни функции на магнетен медиум за складирање на податоци. Основни функции на SSD. Идентификација и функција на PATA, SATA конектори. RAID технлогии. Инсталација и одржување на медиуми за масовно складирање на податоци. Дијагностика и идентификација на проблеми поврзани со овие компјутерски компоненти. 9. Видео/Графички картички. Разлилни типови на технолгоии на монитори. Принцип и работа на LCD и LED монитори. Принцип и работа на AMOLED, Plasma и IGZO монитори. Најнови технологии 4К и 8K монитори.Селекција и инстација на графичка картичка. Дијагностика и идентификација на проблеми на графички картички и монитори. 10. Основи на мрежни компјутерски компоненти и нивно поврзување во компјутерски системи. Различни типови на мрежни компјутерски компоненти, нивно поврзување, инсталација, функција и одржување. Различни типови на периферни жични и безжини компјутерски компоненти. Инсталација и дијагностика на жична и безчина картичка во компјутерски систем. 11. Примена и инсталација на принтери и скенери компјутерски компоненти. Опис на процес на работа на принтер, скенери и ласерски принтери. Елементи и функции на ласерски принтери и скенери. Инсталација, администрација и конфигурација на принтери и скенери преку различни компјутерски медиуми. Препознавање и дијагностика на проблеми поврзани со принтери и скенери 12. Примена на сериски и паралалени периферни компјутерски компоненти. Инсталација, админстрација, одржување на сериски компјутерски компоненти и конектори. Типови на конектори и нивна примена. Примена на сериски конектори и компоентни во администрација на други компјутерски системи и вградливи компјутерски системи. 13. Мобилни и преносни компјутерски компонентни. Најнови технологии и нивна класификација за примена на компјутерските компоненти. Инсталација, админстрација, одржување и дијагностика на мобилни и преносни компјутерски компоненти. 14. Колоквиумска Недела

12.

Методи на учење:


Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски симулации), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).

13.

Вкупен расположив фонд на време

6.0 ЕКТС x 30 часа = 180 часа

14.

Распределба на расположивото време

30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

30 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

45 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

15 часови

16.2.

Самостојни задачи

15 часови

16.3.

Домашно учење

75 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

10 бодови

17.2.

Семинарска работа/ проект ( презентација: писмена и усна)

15 бодови

17.3.

Активности и учење

10 бодови

17.4.

Завршен испит

70 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Реализирани активности 15.2

20.

Јазик на кој се изведува наставата

македонски и англиски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

механизам на интерна евалуација и анкети

22.

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1829

Ron White

How Computers Work: The Evolution of Technology, 10th Edition (How It Works) 10th Edition

Que Publishing;

2014

1830

Jean Andrews

A+ Guide to Hardware (Standalone Book) 9th Edition

Course Technology

2016

1831

Scott Mueller

Upgrading and Repairing PCs (22nd Edition)

Que Publishing

2015

1832

Bradley Lentz

Computer Parts and Components Guide for Beginners

Independently published

2020

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година