Димитар Китановски е роден во 1998 година во Битола. Основно образование завршил во ОУ „Гоце Делчев“ во Ресен, додека средно образование завршил во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ во Битола со континуиран одличен успех. За време на школувањето, учествувал на неколку натпревари и има освоено повеќе награди и признанија. Покрај школувањето има учествувано и на неколку практични настави во ИТ компании преку кои го надградувал своето знаење.
На Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство се запишал во 2016 година. Во текот на последните две години од студиите работел како соработник на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Дипломирал во 2020 година со дипломски труд на тема „Систем за само-евалуација наменет за високо образование“, под менторство на проф. д-р Иван Чорбев. Магистрирал во 2022 година на ФИНКИ, на насоката Управување во информатички технологии и истата учебна година, 2022/23 се запишува на докторски студии на ФИНКИ, на насоката Компјутерски науки и инженерство.
Во ноември 2020 година ја започнува својата академска кариера како вработен на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, избран во наставно-научно звање демонстратор, при што изведува аудиториски и лабораториски вежби. Во 2023 година е избран во наставно-научно звање асистент.
Полиња на негов научно-истражувачи интерес се: инженерство на податоци, бази и складишта на податоци, машинско учење, вештачка интелигенција, наука базирана на податоци и софтверско инженерство.
Рецензија - ЛИНК.
Одлука за избор - ЛИНК