Проф. д-р Андреја Наумоски е редовен професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Дипломирал и магистрирал во 2006 и 2008 година, соодветно, а во 2012 година успешно ја одбранил својата докторска дисертација. Својата научно-истражувачка кариера ја започнува во 2006 година, активно учествувајќи како истражувач на меѓународни и домашни проекти. Наставната дејност ја започнува во 2009 година, а од 2023 година е избран за редовен професор на ФИНКИ. Наставните обврски му опфаќаат изведување предавања и аудиториски вежби по неколку предмети. Од 2024 година е раководител на магистерските студии по Еко-информатика и на Лабораторијата за екоинформатика. Преку овие активности, студентите се стекнуваат со практични знаења од еколошко моделирање, имплементација на географски информациони системи (ГИС), мониторинг и обработка на податоци од животната средина, далечинско сондирање, откривање на знаење од податоци, податочна визуелизација и примена на паметни сензорски мрежи. Проф. д-р Наумоски поседува напредни познавања и практична експертиза во современи frontend и backend технологии за креирање на интелигентни информациски системи, со фокус на развој на веб, десктоп, Android, Smart IoT Home и GIS апликации со модули за анализа на еколошки податоци кои вклучуваат машинско учење, како и хардверски познавање за интеграција на системи за мерење на различни еколошки параметри. Полиња на научно - истражувачки интерес се насочени кон машинско учење од еколошки податоци, ГИС, моделирање и предвидување на динамички процеси, фази логика, и анализа на временски серии. Посебен акцент става на развој на интелигентни системи за поддршка на одлуки, кои наоѓаат примена во различни домени. Професионалната кариера на проф. д-р Наумоски опфаќа учество во повеќе меѓународни проекти финансирани од програмите Interreg IPA, Tempus и FP6, како и билатерални научни иницијативи. Тој е автор и коавтор на повеќе од сто научни трудови објавени во престижни меѓународни списанија и конференции, вклучително и трудови со импакт-фактор
Рецензија - ЛИНК.
Одлука за избор - ЛИНК