09/10/2015

Почитувани кандидати, ве известуваме дека запишувањето на рангираните кандидати според решението за прием во третиот уписен рок ќе се изврши на 21.09.2015 од 09:00 - 14:30 часот во службата за студентски прашања на ФИНКИ.
Напомена: Рангираните кандидати мора задолжително да се запишат во овој термин, инаку ќе го изгубат добиеното место. Сите кандидати кои сакаат да го променат или дополнат изборот на студиските програми или начинот на студирање (државна квота или кофинансирање) имаат можност да се доизјаснат за студиски програми во кои има слободни места и да бидат рангирани на студиска програма која не е целосно пополнета.
Новото рангирање ќе биде направено без притоа да се промени редоследот на претходно рангираните кандидати. Промената на изборот на студиската програма или начинот на студирање се прави со пополнување на Изјава за дополнување или промена на избраните студиски програми - која ќе ја најдете на порталот за нови студенти (join.finki.ukim.mk), во делот Документи - Трет уписен рок.