Бесплатна онлајн подготвителна настава по математика за државна матура
Почитувани матуранти – наши идни студенти,
Ве информираме дека Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) организира БЕСПЛАТНА онлајн подготвителна настава по предметот МАТЕМАТИКА за полагање на екстерниот предмет МАТЕМАТИКА за државна матура во периодот 09.05.2026 – 03.06.2026 година.
Наставата ќе ја одржуваат професори и асистенти на ФИНКИ.
Подготвителната настава се организира со цел да им се помогне на матурантите – нашите идни студенти да постигнат што е можно подобри резултати на испитот по Математика за државна матура кој ќе се одржи на 06.06.2026 година.
Подготвителната настава ќе опфати 57 наставни часови (42 часа основна настава + 15 часа дополнителна настава), рамномерно распределени во 13 денови и ќе ги покрие сите содржини предвидени во Испитната програма по математика за државна матура во гимназиско и средно стручно образование, која ги вклучува следниве пет подрачја:
- ПОДРАЧЈЕ 1: МАТЕМАТИЧКА ЛОГИКА И МНОЖЕСТВА (со застапеност 7%)
- ПОДРАЧЈЕ 2: РЕАЛНИ И КОМПЛЕКСНИ БРОЕВИ (со застапеност 12%)
- ПОДРАЧЈЕ 3: АЛГЕБРА (со застапеност 40%)
- ПОДРАЧЈЕ 4: ГЕОМЕТРИЈА (со застапеност 34%)
- ПОДРАЧЈЕ 5: ТРИГОНОМЕТРИЈА (со застапеност 7%)
Термини за одржување на наставата
Наставата ќе се одржува во следните термини:
| Термин | Датум | Ден | Наставни часови | Почеток / Линк |
|---|---|---|---|---|
| Термин 1 | 09.05.2026 | Сабота | 5 часа | 10:00 часот Приклучи се на Microsoft Teams |
| Термин 2 | 12.05.2026 | Вторник | 3 часа | / |
| Термин 3 | 14.05.2026 | Четврток | 3 часа | / |
| Термин 4 | 16.05.2026 | Сабота | 5 часа | / |
| Термин 5 | 19.05.2026 | Вторник | 3 часа | / |
| Термин 6 | 21.05.2026 | Четврток | 3 часа | / |
| Термин 7 | 23.05.2026 | Сабота | 5 часа | / |
| Термин 8 | 25.05.2026 | Понеделник | 5 часа | / |
| Термин 9 | 27.05.2026 | Среда | 5 часа | / |
| Термин 10 | 30.05.2026 | Сабота | 5 часа | / |
Дополнително ќе бидат одржани уште 15 часови (3 дена X 5 часа) за решавање на задачи кои матурантите ќе ги постават во текот на наставата во следниве термини:
| Термин | Датум | Ден | Наставни часови |
|---|---|---|---|
| Термин 11 | 01.06.2026 | Понеделник | 5 часа |
| Термин 12 | 02.06.2026 | Вторник | 5 часа |
| Термин 13 | 03.06.2026 | Среда | 5 часа |
Испитна програма по математика за државна матура
Подолу е дадена Испитната програма по математика за државната матура.
А. СОДРЖИНИ
ПОДРАЧЈЕ 1: МАТЕМАТИЧКА ЛОГИКА И МНОЖЕСТВА
1. МАТЕМАТИЧКА ЛОГИКА
- Поим за исказ
- Логички операции (негација, конјункција, дисјункција, импликација, еквиваленција)
- Сложен исказ
- Логички закони (комутативен, асоцијативен, дистрибутивен, закон за замена на импликацијата, закон за непротивречност, закон за исклучување на третото, Де Морганови закони, модус поненс, модус толенс, хипотетички силогизам)
2. МНОЖЕСТВА
- Поим за множество и подмножество
- Начини на задавање на множества
- Операции со множества
- Закони за операции со множества
ПОДРАЧЈЕ 2: РЕАЛНИ И КОМПЛЕКСНИ БРОЕВИ
1. БРОЕВИ
- Природни броеви
- Цели броеви
- Рационални броеви
- Реални броеви
- Комплексни броеви
2. ОПЕРАЦИИ СО БРОЕВИ
- Природни броеви
- Цели броеви
- Рационални броеви
- Реални броеви
- Комплексни броеви
3. ПРОПОРЦИОНАЛНОСТ НА ВЕЛИЧИНИ
- Размер и пропорции, права и обратна пропорционалност
- Просто и сложено тројно правило
- Процентна сметка: одсто, подсто, надсто
- Делбена сметка
- Процентни сметки: од сто, под сто, над сто
- Каматна сметка
ПОДРАЧЈЕ 3: АЛГЕБРА
1. АЛГЕБАРСКИ РАЦИОНАЛНИ ИЗРАЗИ
- Степен со показател природен број
- Цели рационални изрази: мономи и полиноми
- Дробно рационални изрази
2. ЛИНЕАРНА РАВЕНКА, ЛИНЕАРНА НЕРАВЕНКА
- Линеарна равенка со една непозната
- Линеарна неравенка со една непозната
3. ЛИНЕАРНА ФУНКЦИЈА, СИСТЕМ ЛИНЕАРНИ РАВЕНКИ И СИСТЕМ ЛИНЕАРНИ НЕРАВЕНКИ
- Реална функција
- Линеарна функција
- Систем од две линеарни равенки со две непознати
- Систем од две линеарни неравенки со една непозната
4. КВАДРАТНА РАВЕНКА. КВАДРАТНА ФУНКЦИЈА
- Неполна и полна квадратна равенка
- Природа на решенија на квадратна равенка
- Виетови формули и нивна примена
- Поим за квадратна функција
- График на елементарни квадратни функции
- Каноничен вид на квадратна функција, теме на парабола
ПОДРАЧЈЕ 4: ГЕОМЕТРИЈА
1. ГЕОМЕТРИСКИ ФОРМИ ВО РАМНИНА
- Основни геометриски форми
- Полуправи, отсечка, полурамнина
- Кружница, круг
- Агол и видови агли
- Искршена линија, многуаголник
- Вектор. Опарации со вектори
2. ПЕРИМЕТАР И ПЛОШТИНА НА ФОРМИ ВО РАМНИНА
- Поим за периметар и плоштина
- Периметар и плоштина на: правоаголник, триаголник, четириаголник, правилни многуаголници
- Периметар на кружница и должина на кружен лак
- Плоштина на круг и делови од круг
3. ГЕОМЕТРИСКИ ФОРМИ ВО ПРОСТОР
- Точка, права и рамнина
- Геометриско тело
- Рабести и валчести тела
- Пресек на геометриски тела со рамнина
4. ПЛОШТИНА И ВОЛУМЕН НА ГЕОМЕТРИСКИ ТЕЛА
- Поим за плоштина и волумен на тело
- Призма
- Пирамида
- Цилиндар
- Конус
- Топка
ПОДРАЧЈЕ 5: ТРИГОНОМЕТРИЈА
1. ТРИГОНОМЕТРИСКИ ФУНКЦИИ ВО ПРАВОАГОЛЕН ТРИАГОЛНИК
- Мерење на агли (степени и радијани)
- Поим и дефиниција на тригонометриски функции од остар агол
- Тригонометриски функции од комплементни агли
- Вредност на тригонометриските функции од аглите: 30°, 45°, 60°
- Основни тригонометриски идентитети
- Решавање на правоаголен триаголник
