Почитувани студенти,

Ве информираме дека Народната банка ќе спроведува практична работа во текот на месеците јуни, јули и август 2025 година, наменета за студенти кои ја вршат практичната работа во рамките на образовната програма на високообразовните институции.

Право на учество имаат студенти кои се тековно запишани на прв циклус или постдипломски студии, од следните области:

  • економија,
  • право,
  • информатички науки,
  • други општествени науки кои се во доменот на работата на организациските единици на Народната банка.

Практичната работа ќе се реализира согласно капацитетите и потребите на организациските единици во Народната банка.

Огласот и повеќе информации се достапни на следниот линк: https://www.nbrm.mk/prakticna-rabota-vo-narodnata-banka-1.nspx

1