Објавено на:
03/02/2025
Заверувањето на зимскиот семестар и уписот на летниот семестар ќе се врши од 03.02.2025 до 11.02.2025 година.
Студентите кои планираат да дипломираат најдоцна до 11.04.2025 не треба да запишуваат семестар.
За регулирање на семестарот во индекс ќе добиете дополнителни термини.
Исто така во прилог е листата на предмети за летниот семестар за академската 2024/2025 година. Листата е прелиминарна и активирањето на изборните предмети зависи од бројот на студенти кои ќе се пријават за предметот.