Објавен е конкурс за запишување на нови студенти на  втор циклус студии во учебната 2015/2016 година. Повеќе детали за Конкурсот можете да добиете на овој линк или во текстот што следува. 
 
Право на конкурирање
Право на конкурирање имаат кандидати што ги исполнуваат следниве општи услови: да завршиле прв циклус студии на соодветни или сродни студии и кои исполнуваат други услови предвидени со студиските програми за организирање втор циклус студии на соодветниот факултет, односно научен институт.
 
Документи за пријавување
Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.edu.mk и да ја пополни електронската пријава. Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавниот лист што се поднесува при пријавувањето за запишување. 
 

Пријавувањето се врши на соодветниот факултет односно научен институт.
Со пријавата кандидатите поднесуваат:

  • пријавен лист за запишување;
  • електронска пријава (од www.upisi.ukim.edu.mk);
  • диплома за завршен прв циклус студии;
  • куса биографија (CV);
  • потврда за знаење странски јазик;
  • препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
  • список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат);
  • документи за евентуални награди, признанија и други документи. 
Рокови за пријавување и запишување

  Пријавување на кандидатите 14.09.2015-09.10.2015

 
Повеќе информации за студиите можете да добиете на magisterski@finki.ukim.mk 
 
 Квотите и школарините за втор циклус може да ги погледнете на следниот линк.