Ни претставува особено задоволство да ги поканиме студентите на ФИНКИ на предавањето под наслов „Дизајн и изведување на големи податочни центри - основни концепти и најдобри практики“, кое ќе го одржи дипл. инг. Аце Димитриевски. Предавањето ќе се оддржи во четврток 13.10.2011, во амфитеатарот на ТМФ, со почеток во 12:00 часот.
Аце Димитриевски има дипломирано на ФЕИТ Скопје, а тековно е на постдипломски студии на ФИНКИ. Моментално работи во седиштето на Обединетите нации, во канцеларијата за информациско-комуникациски технологии, како дел од тимот за имплементација на податочни центри. Неговата тековна работа се состои во имплементација на примарен и секундарен податочен центар во седиштето обединетите нации во Њујорк и Њу Џерси, кои што хостираат илјадници сервери и апликации. Тој беше лидер на проектот за воспоставуавње на податочен центар на логистичката база на Обединетите нации во Бриндизи, Италија. Аце Димитриевски е автор на апликативното решение за управување со податоците од податочниот центар на Обединетите нации.