23/09/2015
Претставник на компанијата PolarCape ќе одржи гостинско предавање на ФИНКИ. Предавањето ќе се одржи на 12 март 2015 во 10.30 часот во Амфитеатарот на ФИНКИ. На предавањето ќе се говори за автоматско тестирање (Test Automation) и Acceptance Test Driven Development имплементирано со помош на RobotFramework и неговите библиотеки за Selenium. Исто така ќе се спомне за како да се доближи пишувањето на тест сценарија кон лица со послаби технички познавања, како и како да се подобри комуникацијата со клиентите преку користење на тестови за прифатливост (acceptance tests) и како сето ова допринесува кон забрзување на развојот и подобар квалитет на апликации.
Предавач ќе биде Стојан Пешов, Senior Developer во Polar Cape.