Компанијата iBorn објавува отворен конкурс за работа и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. iBorn вработува 2 Senior програмери на работната позиција инженер за развој на софтвер. Кандидатите кои ќе бидат вработени ќе работат на проекти користејќи ги најновите достапни технологии. Тие ќе бидат дел од тимот кој ќе дизајнира, развива, тестира, објави и ќе нуди поддршка на различни решенија за клиентите. Повеќе детали можете да најдете на веб страната на компанијата, или во овој документ[PDF]. За подетални информации можете да контактирате со претставници на компанијата преку следната e-mail адреса.