Компанијата Applify објавува отворен конкурс за работа на позиција Service Delivery Engineer и ги повикува студентите на ФИНКИ да аплицираат.
 
 
Applify е компанија за развој на софтвер која нуди креативни софтверски решенија со специјален фокус на графичката индустрија.
 
Кандидатот ќе биде дел од технички тим од висок профил, кој треба да превземе одговорности за менаџирање на сервисно ниво со гаранција дека сите се испорачани согласно со договорите, блиска соработка со клиенти и менаџирање на односот со клиенти со цел да се постигнат најдобри резултати. Планирање и организација се две од најважните карактеристики кои кандидатот треба да ги поседува.
 
Кандидатите потребно е да имаат диплома од областа на компјутерските науки, одлично познавање на SQL,  одредено познавање на програмски јазици (доволно да се следи извршување на код, детекција на грешки во кодот, дебагирање и поправање на мали грешки), работно искуство со Microsoft Windows Server и IIS, вештина за пронаоѓање на грешки, независност, истрајност и само-мотивираност, добри аналитички вештини, развиени комуникациски вештини (говорени и пишувани со акцент на детали), познавање на англиски јазик.
 
Заинтересираните кандидати потребно е да испратат мотивационо писмо и CV на  jovanac@applify.com со наслов: Candidate for the SDE position.

Целосниот конкурс може да го погледнете тука.