Државниот Центар за стручно обрзование и обука во соработка со Министерството за образование и наука им нуди можност за пракса на студентите од ФИНКИ. Студентите ќе работат со електронскиот систем за екстерно проверување на постигањата на учениците и задолжително ќе добијат потврда за практична работа.
 
Праксата е соодветна и за студените од почетните години и бара познавање со работа со компјутери.
 
Заинтересираните студенти може да отидат во вторник 10.12.2013 год. во 10 часот во просториите на Центарот за стручно образование и обука, кој се наоѓаат во зградата на МТВ на втори спрат и да се јават кај советникот Лепа Трпческа или информатичарот Албион Сулемани. Исто така може да се пријават и на e-mail lepa_trpceska@yahoo.com