
На 26 и 27 октомври Скопје повторно ќе биде домаќин на вториот по ред Mobile AppCamp - камп за мобилни апликации и технологии.
Над 100 програмери и претприемачи кои работат со мобилни апликации и технологии ќе имаат можност да ги изложат своите производи, да се запознаат со светски познати претприемачи и да презентираат пред потенцијални инвеститори!
На годинешниот камп ќе гостува и светски познатиот Johan Staël von Holstein - човек кој беше прогласен за „Технолошки пионер“ на Светскиот Економски Форум, „Глобален медиа иноватор“ од страна на Форбс магазинот и интернет гуру во Шведска три години по ред.
Право на учество имаат сите програмери и компании кои имаат своја мобилна апликација (лансирана на пазарот или прототип во изработка) која сакаат да ја промовираат и да ја презентираат пред Европски акцелератор фондови. Воедно, сите учесници ќе имаат можност да закажат меѓусебни средби како и да аплицираат за менторирање со некој од спикерите на кампот.
Учесниците на Mobile AppCamp ќе имаат можност да добијат:
- Потенцијална инвестиција во висина од €50.000 од страна на Eleven Startup Accelerator
- Потенцијална инвестиција во висина од €200.000 од страна на LAUNCHub Startup Accelerator
- 2 сребрени влезници за претстојната Webit конференција во Турција
Учеството на Mobile AppCamp не се наплаќа, меѓутоа бројот на учесници е ограничен. Сите заинтересирани програмери и компании треба да се регистрираат на следниов линк најдоцна до 18 октомври до 17 часот.