Објавени се решенијата за прием на нови студенти на ФИНКИ од првиот уписен рок во учебната 2013/2014 година. Решенијата за прием можете да ги погледнете на Порталот за идни студенти на ФИНКИ во делот Документи - Прв уписен рок - Решенија за прием.
 
Сите кандидати кои НЕ се рангирани или сакаат да го променат или дополнат изборот на студиските програми или начинот на студирање (државна квота или кофинансирање) имаат можност да се доизјаснат за студиски програми во кои има слободни места и да бидат рангирани на студиска програма која не е целосно пополнета. Новото рангирање ќе биде направено без притоа да се промени редоследот на претходно рангираните кандидати. Промената на изборот на студиската програма или начинот на студирање се прави со пополнување на Изјава за дополнување или промена на избраните студиски програми
 
Изјавите за дополнување или промена на избраните студиски програми (запишување на студиска програма на која има слободни места) или менување на изјава за студирање во квота со кофинансирање (ако тоа не е сторено во интерниот пријавен лист) ќе се примаат во службата за студентски прашања на ФИНКИ до 14:00 часот на 27.08.2013 (вторник)
 
Доколку кандидатите не го реализираат запишувањето во предвидените термини нема да бидат примени во првиот рок и ќе мора да си ги подигнат личните документи. Детали за запишувањето можете да најдете на овој линк
 
Конкурсна комисија на ФИНКИ, 23.08.2013 година