Секоја година традиционално се одржува локалниот натпревар во алгоритамско програмирање од каде што се избираат тимовите кои што ќе го претставуваат нашиот факултет на регионалниот ACM натпревар што ќе се одржува од 10 - 13 октомври во Букурешт, Романија. Пред натпреварот се организираат подготовки, а во првата онлајн фаза на подготовки може да учествува секој кој има висока оценка по предметот во кој се изучуваат алгоритми и податочни структури (9 или 10) или да е прва година, но со големи афинитети кон програмирањето и оценка 10 по предметите во кои се изучува програмирање (предност може да биде и учеството во средношколски натпревари во информатика). Доколку ги исполнувате овие услови и сте заинтересирани да бидете вклучени во процесот на онлајн подготовки за натпреварот во алгоритамско програмирање потребно е да пишете мејл на igor.kulev@finki.ukim.mk со subject: ACM trening и во мејлот потребно е да ги внесете следните информации:
 
  • име, презиме и број на индекс
  • оценките кои сте ги добиле по предметите од областа на алгоритми и податочни структури или предметите од областа на програмирање ако сте прва година
  • корисничко име што ќе го користите на форумот и вики-то откако претходно ќе се регистрирате на овој линк
Повеќе информации околу натпреварот и подготовките можете да добиете на acm.students.finki.ukim.mk.