Компанијата Логинг Електроникс објавува отворен конкурс за практиканти и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Основна дејност на компанијата е продажба, сервис и дистрибуција на производи во три основни области: индустриска и телекомуникациска мерна опрема, електронски компоненти, алат, кабли и конектори и мултимедија. Логинг Електроникс има континуирана потреба од талентирани, паметни и работливи колеги. Компанијата нуди, реална работна средина, тимска работа, менторство од стручни лица и надополнување на Вашето теоретско знаење со практично. Повеќе за деталите и потребните квалификации можете да најдете на веб страната на Логинг Електроникс. Апликацијата за пракса можете да ја најдете на следниот линк. Целосниот оглас можете да го погледнете во овој документ[PDF].