02/03/2013

Како и секоја година, така и оваа, ИАЕСТЕ Македонија објавува надворешен конкурс за платени стручни пракси во странство. Ако сте додипломец или постдипломец на некоја од насоките на ФИНКИ, тогаш имате единствена шанса да аплицирате за некоја од работните понуди и да поминете незаборавно лето. Работа, искуство, шетање, запознавање и дружење со пријатели од целиот свет, забава и многу повеќе. Подетални информации можете да добиете на веб страната на ИАЕСТЕ Македонија или на следниот линк.