04/12/2012

Двајца студенти од ФИНКИ постигнаа одлични резултати на натпреварот за програмирање на функција која за најмало време ќе пресмета приозвод на матрици. Натпреварот беше организиран од проектот HP-SEE за пресметување со високи перформанси, проект од FP7 програмата на Европската Комисија во траење од 26ти сетември до 15ти ноември. На натпреварот учестуваа студенти од Грција, Бугарија, Романија, Унгарија, Србија, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Молдавија, Ерменија, Грузија и Азербејџан.
Студентот од 4-та година, Ненад Анчев го освои второто место, а Горан Велкоски, студент на постдипломските студии го освои седмото место. И двајцата студенти учествуваат во работата на Лабораторијата за интернет и иновативни технологии, со опсег на истражувања за развој на решенија за пресметување во облак (cloud computing). На натпреварот користеа алгоритми за множење матрици кои што беа објавени како трудови на конференцијата ICT Innovations 2012 во Охрид, дополнето со резултати од сопствените истражувања.