На 07.11.2012 година во 12 часот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство беше отворена лабораторијата за интелигентна роботика. Повеќе детали можете да најдете во текстот што следува.
 

 
Со развојот и примената на технологиите за интелигентни роботи, како и на автоматизирани и вградливи системи, се појави и потреба од основање на лабораторија која ќе овозможи практично оспособување на студентите во областа на интелигентната роботика. Лабораторијата ќе обезбеди услови за стабилна и прогресивна научно истражувачка и практична работа со автоматизирани интелигентни роботи. Пазарот на роботика има голем развоен тренд кој се очекува да се забрза со сé пошироката примена на роботите во индустријата, медицината, земјоделството, одбраната, индустријата за забава други.
 
Со основањето на една ваква лабораторија, ќе се создадат услови за изведување на повеќе експерименти кои чекаат на своја реализација, да се реплицираат резултати од други светски лаборатории, студентите да се обучуваат на најсовремена опрема и со тек на време да се создаде броен кадар од областа на интелигентна роботика кој што ќе може да се носи рамноправно со светските предизвици во оваа брзо напредувачка област.
 
Во Лабораторијата за интелигентна роботика ќе може да се развиваат и многу нови технологии за надзор и за спасување во кризни ситуации какви што проекти се развиваат во многу од развиените држави во светот, да се развиваат системи кои ќе помогнат во развојот на агрокултурата, медицината и останати области.
 
Раководител на лабораторијата е вон. проф. д-р Андреа Кулаков. Детали за лабораторијата можете да најдете на овој линк.
 
 src=
 
 align=