Kомпанијата Cosmic Development објавува отворен конкурс за работно место и ги поканува сите заинтересирани кандидати кои одговараат на бараните квалификации да аплицираат. Повеќе информации за конкурсот се дадени во продолжение.
 

 
Компанијата Cosmic Development е компанија која што ги нуди сите можни услуги поврзани со информатичка технологија, услуги чиј опсег вклучува повеќе нивоа и технологии (како: развој и дизајн на веб-страници, десктоп и мобилни апликации, оптимизација за интернет пребарувачи итн.). Cosmic Development е постојано во чекор со најновите иновации, во непрекинат обид да испорача услуги според најновите трендови, а при тоа обезбедувајќи ги клиентите со високо-квалитетни и лесно-надградливи интернет производи. Компанијата е основана во Март 2011, а просториите се лоцирани во новиот бизнис центар Синерџи во Скопје, Р. Македонија. 
 

Во потрага сме по искусен и талентиран кандидат кој е подготвен да му се придружи на нашиот тим на позицијата .НЕТ Програмер со следните квалификации:

Потребни квалификации:

  • Високо образование од областа на компјутерски науки;
  • Најмалку 3 години работно искуство во програмирање на веб апликации со одлично познавање на ASP.NET и .NET (C#), WCF технологии;
  • Добро познавање на MS-SQL сервер (2003/2008) и програмирање (SQL/T-SQL);
  • Познавање/искуство во XML;
  • Добро познавање на IIS 7;
  • Мали познавања во областа на VSTO ќе се смета за плус;
  • Добри меѓучовечки вештини, флексибилност и приспособливост;
  • Самоиницијативност - кандидат кој би можел да се вклучи во работниот процес без многу насоки;
  • Одлично познавање на Англиски јазик (пишан и говорен).

Нудиме пријатна, динамична и неформална работна средина, каде секој вработен има шанса да се развие како на професионален така и на личен план. Нашиот тим е составен од млади талентирани индивидуи, кои со голем ентузијазам приоѓаат на работните проекти.  
 
Ве молиме испратете ги своите биографии на англиски јазик на careers@cosmicdevelopment.com. На интервју ќе бидат повикани само оние кандидати кои ги исполнуваат барањата за работното место.