Почитувани матуранти,

Објавени се новите прелиминарни ранг листи, согласно проширувањето на квотата за насоката КНИ. Листите можете да ги најдете на Join порталот, во делот Документи - Прв уписен рок - Резултати - Прелиминарни ранг листи по проширување на квотите.
Рок за приговори по оваа листа е четврток, 30.08.2012, во 8:00 часот. Поради краткиот рок, приговор може да се поднесе и електронски, на адресата contact@finki.ukim.mk, со обврска истиот приговор да се донесе и на хартија, во 2 примероци, при самиот упис на кандидатите во текот на 30. и 31.08.2012.

Приговорот се поднесува на следниот образец. Одговорите на приговорите ќе бидат објавени најдоцна до 9:00 часот на 30.08.2012.

Сите кандидати кои НЕ се рангирани или сакаат да го променат или дополнат изборот на студиските програми или начинот на студирање (државна квота или кофинансирање) имаат можност да се доизјаснат за студиски програми во кои има слободни места и да бидат рангирани на студиска програма која не е целосно пополнета. Новото рангирање ќе биде направено без притоа да се промени редоследот на претходно рангираните кандидати. Промената на изборот на студиската програма или начинот на студирање се прави со пополнување на Изјава за дополнување или промена на избраните студиски програми. Поради краткиот рок, овој документ може да се поднесе и електронски, на адресата contact@finki.ukim.mk, со обврска истиот да се донесе и на хартија, во 2 примероци, при самиот упис на кандидатите во текот на 30. и 31.08.2012.