18/08/2012

Seavus нудат бесплатни курсеви за Singleview и Embedded програмирање и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат.
Курсевите кои ги нуди Seavus се бесплатни. Целта на курсевите е да се идентификуваат најдобрите студенти на кои ќе им биде понуден договор за вработување со кој ќе се обезбеди развивање експертиза во соодветната технологија. Кандидатите пред почеток на курсот ќе потпишат договор во кој се регулирани основните услови (времетрање на курсот, дозволени отсутства, дефинирана сума за храна и превоз која Seavus ја плаќа за секој учесник), почетна плата и времетрање на првиот договор за вработување за кандидатите кои ќе бидат селектирани по завршување на курсот.
Детали за Seavus Singleview Training: Seavus Singleview[PDF]
Детали за Seavus Embedded Ninja adaptation: Seavus Embedded Ninja[PDF]

