Во рамките на своите активности за директна комуникација со сегашните и идните студенти, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство организираше live chat сесија на 13-ти август, во периодот од 13:00 - 15:00 часот, на официјалната веб страна на Факултетот. Live chat-от беше првенствено наменет за идните студенти кои планираат да конкурираат за упис на ФИНКИ во првиот уписен рок, кој ќе се одвива на 16-ти и 17-ти август, но поканети беа да учествуваат сите заинтересирани матуранти и студенти кои имаат прашања во врска со Факултетот и студиите.

Во продолжение можете да ги погледнете поставуваните прашања од live chat сесијата.