Студентите од ФИНКИ постигнаа одлични резултати во финалниот натпревар на CodeFu 2012, кој оваа година се организира по шести пат. Со гордост може да изјавиме дека четири од првите пет места беа освоени од студенти од нашиот Факултет.
 
Игор Кулев и Бојан Костадинов, студенти на постдипломски студии на ФИНКИ ги освоија првото и второто место, соодветно. Третото место му припадна на Христијан Богоевски, кој од септември своето образование ќе го продолжи на универзитетот “Waterloo” во Канада. Пред финалната рунда имаше две квалификациски рунди во кои учествуваа 100-тина натпреварувачи, а во финалето се квалификуваа 29 студенти од кои дури 21 се студенти од ФИНКИ.
 
Натпреварот се состоеше од 5 алгоритамски задачи со различна тежина кои требаше да се решат за три часа. Како и секоја година, така и оваа финалето се одржа во интернет клуб Ентернет и помина во одлична атмосфера.
 
Повеќе детали околу натпреварувањето може да се видат на http://codefu.mk