23/02/2012

Студентската организација ИАЕСТЕ Македонија и оваа година објавува конкурс за стручни пракси во странство, па ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. На конкурсот може да аплицираат сите редовни студенти кои ги исполнуваат критериумите и се на додипломски или магистерски студии на техничките факултети при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
За подетални информации посетете ја официјалната веб страница на конкурсот.