17/10/2011

На 26 ноември ќе се одржи Macedonian CodeCamp 2011, настан организиран од македонската .NET корисничка група, како најголема заeдница на програмери во Македонија. Оваа година студентите за прв пат ќе имаат можност да земат учество, каде ќе бидат дел од Student Trek-от и каде ќе имаат можност да презентираат тема поврзана со информациските технологии и програмирање.
Настанот е поддржан од локалната канцеларија на Microsoft, европскиот органок на интернационалната асоцијација на .NET програмери - INETA, како и од голем број светски софтверски компании.
Македонската .NET корисничка група оваа година по трет пат ја организира својата годишна конференција 'Macedonian CodeCamp 2011'. На минатогодишната конференција имаше 500 посетители и 10 предавања од 10 локални и регионални предавачи.
Настанот ќе се одржи нa 26 ноември 2011 година, сабота, во просториите на ФОН универзитетот. Оваа година организаторите очекуваат посетеност од 700 посетители, 15 предавања и локални и регионални експерти како предавачи.