Студентите Дејан Сламков и Венко Стојанов од ФИНКИ под менторство на професорите доц. д-р Бојана Котеска и проф. д-р Анастас Мишев ја освоија наградата најдобар труд на конференцијата Software Quality, Analysis, Monitoring, Improvement, and Applications - SQAMIA 2022 која се одржа од 11 до 14 септември во Нови Сад, Србија. Трудот е со наслов "A Comparison of Data FAIRness Evaluation Tools".
На конференцијата беше одлично оценет и презентиран уште еден труд со наслов "Testing RESTful APIs - Use Case: RESTful API for Solving Multidimensional Time-independent Schrödinger Equation" од студентот Давор Димоски.
Трудовите со кои се преставија студентите се изработени како проектни задачи по предметот Софтверски квалитет и тестирање и истите се поддржани од ФИНКИ и Х2020 проектот Ni4os-Europe.