- Веб програмери
Компанијата ИНТЕЛИГЕНТА има потреба од веб програмери со или без работно искуство, за вработување со полно работно време. Отворени се позиции за full-stack/back-end/front-end/mobile за развој на web/mobile апликации со Java Spring Boot/PHP/.NET, Angular/React и React Native/Flutter.
Предност ќе имаат кандидатите со претходно работно искуство и со знаење на SQL, моделирање на податоци, верзионирање на код и почетно познавање на Linux.
Компанијата нуди развој на професионалната кариера прилагоден на личните потреби и очекувања на секој вработен, пријатна работна атмосфера и работни услови што обезбедуваат баланс помеѓу приватниот живот и професионалниот ангажман.
Сите заинтересирани кандидати треба да ја испратат својата професионална биографија на jobs@inteligenta.io . На разговор ќе бидат поканети кандидатите што се квалификуваат за овие работни позиции.
- Летна пракса за студенти
Компанијата ИНТЕЛИГЕНТА објавува оглас за летна пракса. Очекуваме да се пријават талентирани и мотивирани студенти што имаат интерес за:
- Развој на web апликации со Java Spring Boot, PHP и .NET;
- Развој на Frontend со Angular и React;
- Развој на мобилни апликации со React Native и Flutter;
- Развој на интеграција на игри со одело за играње ARAIG, со Unreal/Unity/C++/C#/.NET
- Развој на системи за големи податоци, податочни серии и предвидување, како и деловна интелигенција;
- Прибирање и обработка на податоци со Python;
Практикантите ќе можат да го зголемат своето знаење преку користење на модерни технологии и работа на иновативни проекти. Секој практикант ќе добие посветен ментор со долгогодишно искуство во обука и образование. Праксата ќе биде во траење од два месеца, од дома или во канцеларија, по избор на студентот.
Заинтересираните кандидати може да се пријават на jobs@inteligenta.io. Само кандидатите што се квалификуваат ќе бидат поканети на разговор.
www: inteligenta.io
e-mail: jobs@inteligenta.io
mobile: +389 75237430